Странците кои на Бали ќе бидат фатени без заштитна маска ги чека небична казна. Имено, на видеата кои се шират по социјалните мрежи се гледа како властите ги тераат странците да прават склекови ако бидат фатени без маска.
Во регионот Бадунг се забележани најмногу прекршувања на мерката за носење маска, а до оваа недела се пријавени 8 860 прекршувања, а 80 % ги направиле странци.
– Некои странци се фатени како без маска шетаат по плажа, возат велосипед или седат во ресторан, рекле властите.
Многумина добиле казни заради тоа, а оние со помала грешка како што е неправилното носење на маската се терани да прават склекови на улица.
Повеќето од странците кои ги кршат мерките се од Европа, а медиумите пренесуваат дека досега единствено нема Австралијци меѓу казнетите.
Бали во септември почна да пишува казни заради неносење маски, но властите сметаат дека треба да дојде до зголемување на сумата, затоа што, како што велат, казната од околу девет долари не ги погодува многу туристите.