Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува на поменот поради корона вирус. Таа испратила писмо до медиумите, но и слика од детството на која е со својот татко.
Софија истакнала дека Аркан засекогаш ќе живее во нејзиното срце и дека многу и недостасува.

– Постојано мислам на мојот татко Жељко. Оваа година бев спречена да присуствувам на поменот поради целокупната ситуација со корона вирусот. Не беше паметно да доаѓам поради пандемијатата – напишала Софија и го спомнала своето семејство во Белград.
– Се надевама дека моето семејство е добро и дека се е во најдобар ред и дека нашле мир после сите овие години на тага. Поминаа 21 година и време е сите да продолжиме со своите животи. На сите им посакувам успех, а мојот татко засекогаш ќе живее во нашите срца – напишала Софија во мејл кој го испратила до редакцијата на Курир.

Да потсетиме, ќерката Софија Аркан ја добил со социјална работничка која за него се грижела во белгискиот затвор. Таа денеска живее во Брисел, а прв пат го видела својот татко на екран во 1991 година кога станал познат за целиот свет. Софија единствено интервју за својот татко го дала пред три години за Курир кога прв пат дошла во Србија за да го посети неговиот гроб.