Девојките од групата „Хурикејн“ важат за едни од најпривлечните и најпосакуваните во регионот кои со својата убавина и изглед често се број еден тема по медиумите и јавноста.
Не е ни чудо, што кога и а објават фотографија, истата веднаш станува најкоментирана на естрадата.

Па така пејачката и член на групата „Хурикејн’ Сања Вучиќ постојано го привлекува вниманието на јавноста.
Овој пат, објавата на Сања на социјалната мрежа Инстаграм предизвика општо пореметување.
Имено, пејачката објави нова фотографија и ја искористи за да ги испровоцира сите свои фанови кои се прашуваат дали е целосно гола или има нешто на себе, а оваа мистерија дополнително ја комплицираат сенките и косата на Сања.

Очигледно е дека Сања изгледа одлично, и со овој потег повторно се најде во центарот на вниманието.
