10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Никола Тесла починал сиромашен и во големи долгови ,а можел да има милиони и луксузен живот

  • Заслужен е за 700 патенти од кои повеќе од 300 се заштитени во 27 земји на пет континенти.
  • Починал сиромашен и во долгови
  • можел да стане најбогатиот човек во Америка, но дека тој едноставно не го сакал тоа.

Еден од најголемите научници и умови што некогаш живееле, Никола Тасла, почина сам и заборавен на Божиќ, на 7 јануари 1943 година, во хотелската соба каде што живеел во Њујорк.

Малкумина знаат дека тој ја имал последна желба, како и дека денес има видео од неговиот погреб, на кој присуствувале над 2.000 луѓе.

Никола Тесла починал сиромашен и во долгови. Во официјалните записи пишува дека смртта се случила на 7 јануари 1943 година, во 22:30 часот. Тој имал 87 години, зад него има стотици патенти и пронајдоци што му донесоа слава, но не и богатство.

На погребот на Тесла присуствувале над 2.000 луѓе. Во поворката која што се движела кон погребната сала на авенијата Медисон, имало државници, јавни личности, нобеловци, но и стотици обични, мали луѓе кои му се восхитувале на генијалецот чии откритија им го олеснија животот.

Градоначалникот на Њујорк, Фиорело ла Гвардија, по кој е именуван еден од трите главни аеродроми во Њујорк, прочитал проштален говор на погребот на Никола Тесла, напишан од Луис Адамиќ, словенечки писател, есеист и преведувач.

„Никола Тесла почина. Умре сиромашен, но беше еден од најкорисните луѓе што некогаш живееле. Она што тој го создаде е одлично и, како што одминува времето, станува уште поголемо“

Пред службата, Ла Гвардија на радио за Тесла рекол дека можел да стане најбогатиот човек во Америка, но дека тој едноставно не го сакал тоа.

Комеморацијата ја пренесувало Радио Њујорк, а сите водечки весници објавуваале написи за „заминувањето на генијалецот“.

На барање на Тесла, бил придружуван од музика. Тој побарал две песни – композицијата на Шуберт „Аве Марија“ и, за крај, „Таму далеку“, народна песна, популарна помеѓу српската емиграција. 

За тоа сведочи звучната снимка што е зачувана до денес во архивите.

Единицата за мерење на висок напон и единицата на јачината на магнетното поле се именувани по Тесла, а неговото наследство беше заведено во регистарот на УНЕСКО во 2003 година.

Од 1994 година, аголот на 40-та улица и 6-та авенија, каде што се наоѓала неговата лабораторија, се вика катче на Никола Тесла во Њујорк.

Заслужен е за 700 патенти од кои повеќе од 300 се заштитени во 27 земји на пет континенти.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести