Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Мажите што гледаат други жени – НЕ ИЗНЕВЕРУВААТ!

Американскиот сексолог и колумнистка Надја Бокоди смета дека налагањето правила на партнерот може да доведе до пропаст на врската.

Таа за „Дејли мејл“ раскажува дека кога се омажила пред десет години, имало јасни правила како треба да се однесува нејзиниот сопруг. Не ги искажала гласно, но контролирала сè што тој прави, и некако – бракот не траел долго.

Според неа, преминувањето на одредени граници и обидот да се контролира партнерот ги уништува односите.

– Навикнати сме да веруваме дека вистинската љубов значи да гледате во само една личност. Гледањето порнофилмови или стриптиз не значи помалку љубов… Имено, вљубувањето никого не го прави асексуална личност, иако е природно да се чувствувате љубоморни кога партнерот гледа во друга привлечна личност. Тоа не значи дека секогаш треба да реагирате, вели Бокоди.

Говорејќи за личното искуство, таа открива дека нејзината врска денес повеќе не се гради врз претпоставка за недоверба.

– Моето момче сега не бара моја дозвола за да оди во стриптиз-клуб или да гледа порнофилмови, а јас не го проверувам неговиот мобилен телефон. Можеби тоа и не му е толку интересно нему. Помалку е веројатно дека вашиот партнер ќе ве изневери ако дозволувате да гледа други жени или пак, му давате можност за тоа. Штом му дадете целосна слобода, неверството едноставно не е веќе интересно, објаснува Бокоди.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...