Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Заев: Како голем чин на солидарност и пријателство Србија ќе ни помогне со итна испорака на 8.000 вакцини „Фајзер“

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“ Република Србија ги понудила за македонските граѓани, а се преговара и за други вакцини.

„Во директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000  вакцини против КОВИД-19. Тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денов. Стана збор и за другите вакцини за кои имаат договори, но за кои што треба да ги проверат клаузулите дали тоа можат да го направат. Многу сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до Владата и српскиот народ, да ја пренесам таа благодарност. Станува збор за сериозен чин на пријателство, кој покажува дека Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има“, информираше премиерот Заев, кој додаде дека претседателот Вучиќ изразил волја вакцините да бидат донација, но ние имаме средства, додаде Заев и ќе ги платиме вакцините по набавна цена.

Тој истакна дека во текот на денот тој ќе разговара со својата колешка Ана Брнабиќ во врска со постапката, а ќе се остварат и разговори на министрите за здравство на Република Северна Македонија и Република Србија околу деталите на испораката.

Во изјавата за медиумите, премиерот Заев уште еднаш информираше дека како што е од претходно познато, продолжуваат активностите за договорот со „Фајзер“ за 800.000 вакцини, кои ќе покријат дози за 400.000 граѓани и продолжуваат преговори и со други земји за обезбедување вакцини, додека не стигнат првите 5.850 дози на вакцини во февруари.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...