Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Работа: Фокусирани сте на комуникацијата, состаноци, разработки на идеи. Сите планови се врзани за иднината. Моменталната ситуација не ве интересира.

Љубов: Односот со брачниот партнер не е најдобар. Двајцата сте раздразливи, но се трудите да не „експлодирате“.

Здравје: Ве очекува висок притисок.

БИК

Работа: Задоволни сте од ситуацијата на работа. Имате многу обврски, но се успевате да одработите во рок.

Љубов: Партнерот минува низ лична криза. Му давате поддршка, но сте свесни дека тој мора самостојно да се избори со проблемите.

Здравје: Одлично се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ситуацијата е стабилна. Правите нови, долгорочни планови. Интуицијата ви кажува дека сте на вистинскиот пат.

Љубов: Ве очекува ново непланирано познанство. Изненадени сте затоа што ви се случува љубов на прв поглед.

Здравје: Добро се чувствувате.

РАК

Работа: Ситуацијата е тешка. Барањето на нова работа не дава резултати. Се плашите дека таквата ситуација ќе продолжи.

Љубов: Ви значи да имате поддршка од брачниот партнер. Но, тој е окупиран од сопствените проблеми.

Здравје: Не сте расположени.

ЛАВ

Работа: Не ви успева да ги решите проблемите на работа. Во тајност барате помош од пријател, и тој ви помага.

Љубов: Односот со брачниот партнер полека се заострува. Двајцата сте блиску до „пукање“, иако засега успешно се контролирате.

Здравје: Проблеми со притисокот.

ДЕВИЦА

Работа: Работата стагнира и вие не сте во можност било што да направите. Размислувате за заминување во странство како најдобро решение.

Љубов: Пред вас е ново познанство. Поради проблеми, нема да обраќате многу внимание на нова личност, но другата страна детално ќе ве „скенира“.

Здравје: Лоша циркулација.

ВАГА

Работа: Работата тече регуларно. Нема никакви проблеми, се се одвива според планов. Задоволни сте поради стабилните финансии.

Љубов: Ве очекува ново познанство. Интуицијата и разумот ви кажува дека, конечно, сте нашле вистински партнер.

Здравје: Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Љубов: Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Размислувате за заминување во странство. Се поблиску сте да донесете таква одлука.

Љубов: Односот со брачниот партнер е стабилен. Додека вие сте фокусирани на кариерата, партнерот води сметка за семејство.

Здравје: Проблеми со коските се можни.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Задоволни сте од ситуацијата. Обврски има многу, но успевате да ги одработите квалитетно и на време.

Љубов: Пред вас е ново познанство. Другата страна од старт ве заинтересирала, и планирате да го продолжите контактот.

Здравје: Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Работа: Сите ваши планови се врзани со финансиите. Исклучиво ве интересираат обврски кои може да ги наплатите.

Љубов: Почнува да ве иритира брачниот партнер со неприфаќањето на фактите дека бракот е пред крај.

Здравје: Имунитетот не е најдобар.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ве интересира друга работа. Барате од постарите лица да ви помогнат околу новата работа. Другата личност ветува помош.

Љубов: Комуникативни сте и расположени за запознавање на други луѓе. Но, никој не ви се допаѓа во емотивна смисла.

Здравје: Не сте расположени.

РИБИ

Работа: На работа ве очекуваат големи проблеми кои нема да успеете да ги решите. Парите доцнат и тоа дополнително ве загрижува.

Љубов: Односот со брачниот партнер не е најдобар. Секој е во свој свет, како да не сте дел од ист тим.

Здравје: Внимавајте на срцето и притисокот.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...