Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДЕНЕС Е НАЈДЕПРЕСИВНИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА , а ние ви даваме 10 совети како да го направите денот подобар

Пред петнаесет години психологот Клиф Арнал откри дека третиот понеделник во јануари е најтажниот и најдепресивниот ден во годината.

Фактори кои го прават овој ден најозлогласен кога станува збор за менталното здравје се временските услови, празниот паричник, нискиот бран на постпразнична енергија, но и помирувањето со фактот дека исполнувањето на новогодишните одлуки,  не оди според планот.

Значи, иако психолозите сметаат дека дружењето со пријателите и вршењето физички активности е „лек“ за надминување на непријатните чувства, овој пат имаме пандемија што дополнително ја зголемува анксиозноста, но исто така нè спречува да го направиме она што е клучно за нашата психа – да се дружиме повеќе во живо со луѓе кои нè сакаат. Бидејќи, социјалната дистанца мора да се почитува …

Како да си помогнете:

1. Отворете ги широко прозорците и проветрете го домот. Свеж воздух го подобрува расположението.

2. Пуштете музика, бидејќи има моќ да ги избрка лошите расположенија.

3. Поканете луѓе што ги сакате, а со кои не сте чуле одамна – тоа ќе ви ја врати насмевката на лицето.

4. Ревидирајте го списокот на новогодишните цели – проучете што е навистина важно да промените во животот и што може да чека подобри времиња.

Потоа направете го првиот чекор кон постигнување на најважната цел од списокот и ветете си дека ќе го правите истото секој ден. Без откажување!

5. Играјте со вашето домашно милениче.

6. Излезете и прошетајте.

7. Припуштете си ја вашата омилена храна.

8. Почастете се со релаксирачка бања.

Водата е исто толку корисна за психата, како и добрата музика.

9. Гледајте комедија или прочитајте добра книга.

Насмевнете се и хранете ја душата. Ставете ги проблемите настрана – и онака нема да избегаат никаде …

најчитани вести

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

Анастасија Ражњатовиќ се јави на социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави видео снимка со нејзината мајка Цеца Ражњатовиќ. На видеото може да се забележи...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...