Владее целосен хаос пред првиот грен слем турнир – Австралија опен!
Поради исклучително строгите регулативи на локалната самоуправа, и сè што беше поврзано со пандемијата на коронавирусите, дури 72 тенисери беа принудени на строг карантин.
Поради нови случаи заразени на два одделни лета, многумина во Мелбурн практично се осудени на „затвор“ и не можат да ги напуштат хотелските соби или да тренираат во следните две недели.
Некои од нив дури беа критикувани затоа што ги отвориле вратите на собите за да комуницираат со другите на нивниот кат во хотелот.
Не се ни споменува тренинг, затоа тие се принудени да се снајдат како што знаат. Казахстанката Јулија Путинчева излезе во прв план објавувајќи видео од нејзината соба на социјалните мрежи, а сега решила да тренира како и да е, на начин што досега не го виделе професионалци.
Grand slam preparation 😅 pic.twitter.com/ALvc4EugN6
— Yulia Putintseva (@PutintsevaYulia) January 17, 2021
Таа го зеде рекетот и ја удираше топката во ѕидот на собата! И, Јулија не е единствената, Пабло Куевас и Денис Шаповалов се одлучија за сличен метод.
Австралија опен е на програмата од 8 до 21 февруари.