7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

БРАВО: Со инвалидска количка успеа да се ИСКАЧИ 270 МЕТРИ на облакодер

Алпинистот Лаи Чи-ваи стана првиот човек во Хонг Конг кој со инвалидска количка се искачил на висина од 250 метри на еден облакодер.

37-годишниот Лаи, кој е парализиран од половината надолу заради сообраќајна несреќа од пред 10 години, не можеше да го достигне самиот врв на 300 метри високата кула Нин на полуостровот Ковлун, пренесува Ројтерс.

„Бев прилично исплашен“, призна Лаи. „Кога ќе се искачам на планина, можам да се држам за камења или помали дупки, но со стакло, на што навистина може да се потпрам е јажето на кое сум закачен“ вели тој.

Овој подвиг имаше за цел да собере донации  за пациенти со болести на ‘рбетниот мозок. Собрани се 5,2 милиони хонконшки долари (670 639 американски долари)

Лаи беше познат алпинист и пред 2011 година, тој беше крунисан четири пати како шампион на Азија во искачување на карпи, а во еден момент беше осми на светот.

По несреќата, тој продолжи да се искачува прицврстувајќи ја инвалидската количка на системот за влечење.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести