Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Џонсон ги засилува мерките во Британија (видео)

Од понеделник, Велика Британија ќе ги замоли сите што влегуваат во таа земја да направат негативен тест за вирусот корона, со цел да се спречи појавата на нови видови на вирусот, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

Исто така, секој што влегува во Велика Британија мора да се стави во самоизолација 10 дена, а сите гранични премини се затворени за оние кои немаат негативен тест за корона. Премиерот најави дека останатите патишта што водат кон земјата ќе бидат затворени од понеделник.

Борис Џонсон изјави дека новите мерки ќе бидат на сила најмалку до 15 февруари, пренесува ВВС.

Тој на прес-конференција во Лондон рече дека новите мерки се „од витално значење“ за заштита на населението.

  • Токму затоа што имаме надеж за вакцина и ризик од појава на нови видови вируси од странство, мора да преземеме дополнителни чекори за да ги спречиме да влезат во земјата, рече британскиот премиер.

Британската влада претходно забрани патување од Јужна Америка и Португалија за да се осигура дека новиот вид коронавирус, пронајден во Бразил, не ја нарушува програмата за вакцинација на земјата.

Во Велика Британија, други 1.280 лица починаа од последиците на ковид 19, вкупно 87.291.

Регистрирани се нови 55.761 нови инфекции.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Забава

Јасно е дека Богдан е во одлична форма, па многу други мажи би можеле да му позавидат на физичкиот изглед, но и на неговата...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...