Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТОП ДЕСЕТ СОВРШЕНИ МЕСТА ЗА ЖИВОТ СО НАЈДОБРА КЛИМА

Нема место на планетата каде времето може да се нарече совршено, но според различни критериуми, овие земји се многу блиску до тоа.

„Hafington Post“ ги пренесува најинтересните записи во врска со времето и погледите на прекрасната природа.

Најдобри температури – Еквадор

Состојбата на вечна пролет не се нарекува вака без причина – на запад од земјата, просечната температура е околу 25 степени. Покрај тоа, жителите на оваа земја уживаат во сончеви денови.

Најмногу сончеви часови – американската сојузна држава Аризона

Како што е наведено во Гинисовата книга на рекорди, Јума, град во Аризона, е најсончевиот град на планетата со дури 11 часа сонце на ден, или околу 4.000 часа сонце годишно.

Најмалку врнежи од дожд – Намибија

Во пристанишниот град Свакопмунд секоја година паѓа помалку од 2,5 сантиметри дожд на метар квадратен, а дневните температури достигнуваат во просек околу 20 степени.

Најповолна влажност – Кипар

Климатолозите посочуваат дека оптимална состојба е 50 проценти релативна влажност, а Кипар, иако има високи температури, има свеж и пријатен воздух.

Најдобар снег – Јапонија

Благодарение на поволната географска положба во океанот, надморската височина и студениот воздух што доаѓа од североисточна Азија, Јапонија има многу убав снег.

Тропски рај – Бразил

Ако ви се допаѓа амазонската прашума, делот од нив сместен на територијата на Бразил е совршен за вас. Дури 60 проценти од површината на Амазон е на бразилско тло.

Најмалку ветер – Демократска Република Конго

Заглавена во срцето на Африка, оваа земја има најмалку ветер на светот.

Најѕвездено небо – Канарските острови

Ако погледнете на небото во близина на брегот на Западна Африка, ќе видите свод што го истакнуваат вездите. На Канарските острови ќе можете да користите еден од многуте телескопи во Опсерваторијата Национален парк Табуриенте и да уживате во глетката.

Најчист воздух – Исланд

Мала густина на население, изобилство шуми и строги закони за загадување придонесоа Исланѓаните навистина да дишат со полни бели дробови.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Забава

Јасно е дека Богдан е во одлична форма, па многу други мажи би можеле да му позавидат на физичкиот изглед, но и на неговата...

Забава

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) како што се дознава таа е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград. Кога е...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...