Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

СОВРШЕНО РАБОТНО МЕСТО: ЈАДЕТЕ ПИЦА И ГЛЕДАТЕ СЕРИИ, А ЗА ТОА ЌЕ БИДЕТЕ ПЛАТЕНИ!

Дали сте расположени по цел ден да јадете пица и да гледате серии? Сега овој сон може да ви се исполни и за тоа да бидете платени.  Американска компанија бара некој кој ќе ги оценува и рангира сериите на Нетфликс, а во меѓувреме ќе добиете достава на пица.

Имено, компанијата „BonusFinder“ бара „професионален надзорник“ (Binge Watch – личност што гледа серии без поголеми паузи).

Компанијата претходно објави конкурси за спонзорирање на луѓе кои ќе тестираат хамбургери, сладолед, слатки и пита од тиква.

„Сега бараме совршен кандидат кој ќе не информира за најдобрата серија на Нетфликс и најдобрата пица по достава, за да ни помогне на сите во овие бурни времиња“, се вели во нивниот оглас.

Победникот ќе добие 500 долари, а ќе треба да гледа и оценува три серии на Нетфликс, патем рангирајќи ги и пиците. Кандидатот исто така ќе добие бесплатна сметка на Нетфликс и буџет за пица и закуски.

Според деталите на натпреварот, победникот може да избере три серии, меѓу кои се “Queen’s Gambit”, “Bridgerton”, “Night Stalker: The Hunt For a Serial Killer”, “Cobra Kai”…

Тој ќе треба, меѓу другото, да ги рангира заплетот, глумата, но и задоволството од епизодите и крајот на серијата.

А пиците ќе се рангираат според повеќе критериуми, од изглед и вкус, до вредност во однос на потрошените пари.

Пријавувањето трае до 12 февруари, а победникот ќе биде објавен на 17 февруари.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Забава

Јасно е дека Богдан е во одлична форма, па многу други мажи би можеле да му позавидат на физичкиот изглед, но и на неговата...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...