Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Ова е се што не сте знаеле за никотинот

  • Никотинот не е без ризик
  • Никотинот го има во храна
  • Никотинот се користи во терапијата за откажување од пушење

Последните истражувања се страшни за Македонија и покажаа дека земјава е лидер во Европа по бројот на пушачи. Според тоа 48,4% од македонските граѓани посегнуваат по цигара и со тоа земјава се најде високо на светската топ 10- листа на земји најголеми зависници од тутун. Македонците во просек пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите, стои во истражувањето на тинк-тенк организацијата „Аналитика“ и Универзитетот во Чикаго.

Никотинот не е без ризик бидејќи предизвикува зависност, но не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето.

Палењето на цигара ослободува чад од тутун, кој се создава со согорување на тутунот, и содржи повеќе од шест илјади штетни и потенцијално штетни материи.

Еве уште неколку помалку познати факти за никотинот.

Никотинот како „дежурен виновник“ – дали е тоа навистина така?

Дали некогаш сте се запрашале зошто една од најчестите терапии за откажување од пушење се заснова на терапии за замена на никотинот, како што се фластери кои се ллепат за раце, гуми за џвакање и спрејови? Објаснувањето е едноставно. Уште во седумдесеттите години од минатиот век, американската Агенција за храна и лекови (ФДА) се согласи дека никотинот се користи во терапијата за откажување од пушење затоа што, како што еднаш предложи научникот Мајк Расел, луѓето пушат поради никотинот, но тие умираат од катран. Оваа хипотеза ги постави темелите за воспоставување на терапии за замена на никотин преку гуми за џвакање, лепенки и денес други форми на користење на никотин. Во последниве години, ФДА разгледуваше и модерни, базирани на науката, алтернативи на цигари што ослободуваат никотин, но изложеноста на штетни материи за време на нивната употреба е драстично намалена во споредба со цигарите.

Како никотинот предизвикува зависност?

Кога се консумираат производи од никотин, по 10 секунди, никотинот продира во крвотокот и почнува да активира разни хемиски супстанции, вклучувајќи адреналин (епинефрин) и норадреналин (норадрефрин). Овозможува стимули на телото и го зголемува протокот на крв во мозокот. Сепак, науката потврди дека никотинот може да биде фатален ако се внесе во огромни количини. Бидејќи пушачот апсорбира приближно 0,1 милиграм никотин по цигара, за да дојде до труење, потребно е да се пушат околу 400 цигари една по друга.

Како никотинот го внесуваме преку храната?

Добро е познато дека никотинот е состојка на растението тутун. Но, тој не е само таму. Најмногу е концентриран во тутунот, но го има и во храната што секој од нас ја конзумира секој ден. Така, никотинот, во ниски проценти, се наоѓа во доматите, компирите, пиперките, па дури и во модриот патлиџан, но исто така и во гоџи бобинките, кои се сметаат за „супер храна“.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Забава

Јасно е дека Богдан е во одлична форма, па многу други мажи би можеле да му позавидат на физичкиот изглед, но и на неговата...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...