14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Мајката на убиениот Србин во Америка со само едно прашање до убијците: ЗОШТО!?(видео)

Полицијата во Филаделфија уапси двајца мажи осомничени за убиството на Милан Лончар (25) во саботата.

Ова го објави порталот „6abc“, наведувајќи дека беше распишана награда од 40 000 долари за информации за убијците. Полицијата најави дека наскоро ќе објави повеќе детали во врска со истрагата и апсењето.

Мајката на Лончар, Ејми,  рече само дека „трепери“ по веста за апсењето на осомничените.

„Само сакам правда и одговор на прашањето „зошто“, рече Ејми.

Да потсетиме, Милан Лончар, 25-годишник со српско потекло, беше убиен додека го шеташе своето куче недалеку од својот дом во Филаделфија.

Лончар го шетал своето куче во населбата Бреверитаун, а кога преминал кон улицата Џеферсон околу 19 часот, двајца мажи му пришле и се обиделе да го ограбат, соопшти полицијата

Полицијата го пронашла несреќниот млад човек во локва крв во полусвесна состојба. Иако бил ранет, тој сè уште го држел поводникот на кој беше неговото куче, рекоа истражителите

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести