Јасно ставил до знаење колку му се “важни“ манипулациите…
Во медиумите неодамна одекнала вест дека Душко Тошиќ наводно ја изневерува Јелена Карлеуша со бившата жена на пејачот Предраг Јовановиќ Близнак. Имено фудбалерот и дизајнерка на костими за капење Ана Јовановиќ веќе се гледале една година и неретко заедно се забавувале.
По овој повод се огласила Ана на социјалната мрежа Инстаграм, а потоа Јелена Карлеуша. Тие двете ги демантирале озборувањата, додека Душко Тошиќ не се огласувал се до сега по овој повод.
Фудбалерот на социјалната мрежа Инстаграм објавил фотографија од теретана, давајќи им до знаење дека озборувањата не го допираат. Ова е прва објава на Тошиќ после вревата која се кренала во јавноста.

Душко редовно вежба во друштво со колегата Марко Симиќ и се подготвува за нови работни победи.