Харизматичната пејачка Емина Јаховиќ ја освои публиката со гласот и насмевката, а за српските медиуми зборуваше за тоа што е потребно кај еден маж за да ја освои.
„Мустафа секогаш ќе биде татко на моите синови, но ништо повеќе од тоа. Го почитувам времето кое го минав со него. Што се однесува до нова љубов, тоа не може никогаш да се планира. Постои време за нешто, а јас во моментов имам многу работа“, вели Емина.

„Мажот мора да има внатрешна сила, која ја движи жената напред. А такво нешто малку мажи имаат. Без оглед на тоа колку се способни, многу малку мажи сакаат да ја видат својата жена во најдобро светло“, објаснува пејачката.
