7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ДРАМА: Сакал да извади 20 долари од банкомат, добил банкнота вредна 10.000 ДОЛАРИ (фото)

Иако банкоматите стануваат се посигурни, сепак понекогаш се случува со задоцнување на исфрлат пари, па така некој да мисли дека не му ги дава парите и да ги земе некој друг. Но, тоа се ретки случаи. Но ваков случај дека некој добил десетици илјади долари, ама не по грешка на банкоматот, е можеби единствениот пример во светот.

Така човек кој отишол да извади 20 долари, се збогатил со многу повеќе. А се е поради грешка во печатењето.

Ретка банкнота од 20 долари со налепница на еквадорскиот производител на банани „Дел Монте“ во моментов се продава на аукција од аукциската куќа „Херитиџ Аукшн“, а последната добиена понуда надминува 57.000 долари.

„Досега банкнотата е прегледана повеќе од 4.300 пати на веб-страницата, изјави за Си-ен-ен Дастин Џонстон, потпретседател и извршен директор на одделот за валути. Аукцијата завршува на 22 јануари.

Банкнотата потекнува од серијата отпечатена во 1996 година, а единствена е поради налепницата што веројатно случајно се залепила на неа помеѓу неколку фази на печатење. Од аукциската куќа објаснуваат дека е посебна, бидејќи на етикетата се испечатени серискиот број на банкнотата и зелениот безбедносен печат, што ја прави оваа банкнота уникатен пример за таква грешка во светот. Записите на американскиот долар се печатат во три фази: прво се печати задниот дел од банкнотата, потоа се става лицето и на крај се печати серискиот број и безбедносниот печат, пренесува Индекс.

Очигледно е дека налепницата на производителот на банани „Дел Монте“ случајно паднала на хартијата и се залепила пред банкнотите да влезат во последната фаза на производство. Интригирачки е како оваа банкнота успеала да ги помине сите многу строги контроли пред да биде пуштена во оптек. Повеќето банкноти што содржат типографски грешки меѓу колекционерите обично се продаваат за помеѓу 100 и 1.000 долари, рече Леонард Аугсбургер, координатор на нумизматичкиот портал на Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис.

Тој додава дека банкнотата со налепницата „Дел Монте“ е нешто посебно, поради што привлече толку голем интерес од колекционерите. Првпат се појавила во 2003 година кога студент од Охајо ја понудил на продажба на eBay. За тоа тој постигнал цена од 10.000 американски долари. Како што рекол тогаш, тој бил многу изненаден кога ја извадил спорната банкнота од банкоматот.

Таа била понудена на продажба во 2006 година, а на крајот од аукцијата достигнала цена од повеќе од 25 000 американски долари.

– Секогаш ни е интересно кога нешто не е во ред во производствениот процес. Токму тоа се случи тука, а банкнотата е визуелно фантастична и затоа е интересна за колекционерите. Згора на сè, целиот процес е многу забавен, рече Џонстон.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести