Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Претседателот на Србија, Вучиќ ќе биде вакциниран со кинеската вакцина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека Србија ги набавила билатерално сите вакцини што пристигнуваат во земјата, во директен договор со производителите, а не преку програмата Ковакс.

Како што прецизираше, Србија сè уште не примила никаква вакцина преку Ковакс, но сите вакцини што пристигнале во земјата се резултат на билатерални договори – со Американците за Фајзер, со Русите за Спутник V и со Кинезите.

– За среќа, бевме доволно паметни да работиме за земјата и да го извлечеме максимумот од нашите партнери. Имам искуство, знам како се одвива и колку треба да се бориш за да добиеш нешто за земјата. Има земји кои немаат никакви вакцини – рече Вучиќ.

Претседателот Вучиќ ќе биде вакциниран со кинеската вакцина

– Се надевавме на вакцини од Кина, но не беше лесно да се очекува тоа. Како обична личност и претседател на Србија, убеден сум во квалитетот на кинеската вакцина, за што ќе одлучи нашата надлежна агенција – објасни тој.

– Неодамна имав друга инфекција, а не корона, па мислам дека ќе ја земам оваа вакцина за десет дена, со цел да им покажам на луѓето дека вакцината е безбедна и квалитетна – подвлече тој.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека авионот „Ер Србија“, кој испорача милион дози од вакцината „Синофарм“ од Кина, за кои рече дека ќе се вакцинираат 500.000 граѓани. 

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Македонија

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а сите останати мерки продолжуваат на сила. Согласно проценката на епидемиолошката состојба, ќе го...

Забава

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) како што се дознава таа е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград. Кога е...