Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Победа над Турција од 3:1 – Македонија и по вторпат е на ЕВРОПСКО!

Македонија и вторпат едноподруго ќе игра на Европското првенство во одбојка! Нашите репрезентативци дојдоа до потребната победа од 3:1 над селекцијата на Турција со која и математички е меѓу патниците на завршницата на европското првенство кое ќе се одржи во втората половина од оваа година. Силната Турција која не победи со 3:1 на првата средба, успеавме да ја совладаме и заедно овие две селекции уште по овој турнир да го потврдат местото на континетналниот собир.

Мотивирани и расположени, нашите одбојкари одлично го отворија мечот. Бевме постогано во егал во првата половина од првиот сет, по што успеавме да дојдеме до почувствителна разлика на 16:11 и комплетно го контролиравме сетот. Турција на моменти се обидуваше да се врати, но нашиот прием и напад функционираа беспрекорно за да дојдеме до 25:19 и предност од 1:0.

По фуриозниот прв сет, Турција успеа да не смири на стартот на вториот сет. направи фантастична разлика од 8:1 и се чинеше дека уште на стартот се е решено. Но нашите момци не се предадоа, напротив, одиграа одлично во напад и со пожртвувани потези успеа да се вратат за реми 15:15. Во завршницата Турција успеа да фати два одлични блока и да направи разлика, која нашите одбојкари не успеаја да ја стигнат. Гостите дојдоа до 25:21 и израмнија на 1:1.

И третиот сет почна со силна битка на двете страни од мрежата. Двата тима се менуваа во водството се до средината кога Турција успеа да се одлепи и да дојде до предност од 4 поени (16:12). Нашите одбојкари не се предадоа, туку напротив се вратија со пеколен финиш. Успеавме да влеземе во егал завршница, но откако успеавме да врземе два поени во низа обезбедивме две сет-топки со 24:22. Првата не ја искористивме откако Субаши намали на 24:23, но Карасу од сервис исфрли во аут и ние дојдовме до 25:23 за предност од 2:1.

Одлично го почнавме и четвртиот сет. Направивме разлика од 3-4 поени и успеавме да ги одвратиме Турците од жесток сервис. Турција од минус 5 (10:5) се врати на минус два за 10:8, а до средината на сетот успеавме да се вратиме за плус 4 (13:9). Турскиот селектор ги потроши тајм-аутите, но ние продолжуваме со одлично темпо и третпат дојдовме до плус 6 на 17:11.  Разликата ја зголемивме и на 8 разлика до 21:13 со двете извонредни блокади на Љафтов и влеговме во сигурна завршница на мечот. Турција со сите сили се обидуваше да намали, но ние дојдовме до прва меч-топка на 24:17, по што Љафтов направи сервис грешка. Сепак, во последниот напад Владо Милев смечува за 25:18 и победа од 3:1 која на Македонија и носи ново учество на ЕП!


КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021

6. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18)

Скопје, СЦ Борис Трајковски, Играно без гледачи, Судии: Иванов (Буг) и Аврамидис (Грц)

🇲🇰 МАКЕДОНИЈА: Ѓ. Ѓорѓиев 2, Николов 4, Н. Ѓорѓиев 24, Милев 5, Наков, Љафтов 23, Деспотовски, Андонов 4, Илиев, Костиќ, Савовски, Михаилов, Николовски (л), Ангеловски (л).

🇹🇷 ТУРЦИЈА: Ѓунгор 1, Саваш 3, Субаши 17, Екши 2, Ѓулмезоглу 11, Лагумџија 14, Карасу 6, Ѓунеш 5, Тој 1, Улу, Бајрам, Бостан, Доне (л), Мерт (л)

https://www.sofascore.com/tournament/35003/32455/standings/tables/embedStandings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Забава

Јасно е дека Богдан е во одлична форма, па многу други мажи би можеле да му позавидат на физичкиот изглед, но и на неговата...

Македонија

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а сите останати мерки продолжуваат на сила. Согласно проценката на епидемиолошката состојба, ќе го...