6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

АРМИН ЛАШЕТ Е ИЗБРАН ЗА НАСЛЕДНИК НА МЕРКЕЛ – Ова се деталите

Германските демохристијани ја избраа наследник на канцеларката Ангела Меркел, а тоа е  Армин Лашет кој беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Илјада и еден делегат на германските демохристијани избраа нов претседател на партијата денес за време на првиот виртуелен партиски конгрес.

Во трката за претседател на ЦДУ беа тројца политичари: поранешниот шеф на парламентарниот клуб во Бундестагот, Фридрих Мерц, премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет и експертот за надворешна политика, Норберт Ротген.

Лашет и Мерц влегоа во вториот круг на гласање, на дигиталното собрание на партијата кое што се одржа денес, на кое 1.001 делегат имаа право на глас.

Во вториот круг гласаа 991 делегат, додека четворица беа воздржани. Лашет освои 521 глас, а Мерц 466 гласа.

Како што пишува „Дојче Веле“, партискиот конгрес не се работи за официјален наследничк на Меркел, туку „само“ е борба за претседател на ЦДУ. Но, бидејќи демохристијаните се убедливо најсилната партија со месеци, како што покажуваат анкетите, автоматски се поставува прашањето за кандидатот на канцелар: кој и да е шеф на ЦДУ, исто така треба да биде погоден за канцелар.

Изборот на Лашет веројатно би значело продолжување на политиката на Ангела Меркел. Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија подеднакво силно ја поддржа канцеларката во нејзината политика за бегалците и во отворањето кон левиот политички спектар. Можеби тоа е причината што Меркел јасно стави до знаење дека го фаворизира Лашет.

Формално, конечниот исход на изборите на собранието на ЦДУ ќе биде објавен до следниот петок, бидејќи сега делегатите мора да ги испратат своите гласови по пошта.

Новиот шеф на ЦДУ, Лашет рече дека ќе стори се за партијата да помине добро низ претстојните избори, а особено на парламентарните избори, за да може повторно да назначи канцелар.

По изборите, Ротген вети поддршка и единство на партијата во наредниот период

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести