Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Ангеловски: 23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 53 санкции за брзо возење во Кочани, 10 неисправни возила за јавен превоз

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (15.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кочани, при што санкционирани се 129 возачи, од кои 53 возеле со брзина поголема од дозволената, возење без возачка дозвола 8, возење под дејство на алкохол шест, нерегистрирани возила 17, а санкционирани се и 10 неисправни возила што вршат јавен превоз од вкупно 19 колку што се упатени на вонреден технички преглед, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Кочани. „Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски. „Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Македонија

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а сите останати мерки продолжуваат на сила. Согласно проценката на епидемиолошката состојба, ќе го...

Забава

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) како што се дознава таа е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград. Кога е...