Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ЦЕЦА ЕМОТИВНО СЕ ОТВОРИ ЗА ЉУБОВТА СО АРКАН: “Тоа беше љубов на прв поглед, јас страшно се плашев од него…”

На денешен ден во 2000 година, во Белград беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан. Љубовта меѓу Цеца и Аркан се случила на прв поглед, а сè започнало кога пејачката случајно го видела својот иден сопруг, со кого уживаше само 7 години, на насловна страница во весник.

Судбоносниот момент помеѓу Цеца и Аркан се случил на 2 ноември 1993 година, во хотелот Интерконтинентал, каде таа веднаш му го привлекла вниманието.

Ним им се придружил и Оливер Мандиќ, кој ги ангажирал Цеца и Џеј да пејат на прославата на Српската доброволна гарда на 11 октомври 1993 година.

– Тоа беше љубов на прв поглед, нормално. Јас страшно се плашев од него и тој не ми беше симпатичен. Читав многу за него и имав искривена слика за него, рече Цеца.

Цеца и Аркан стапнаа на лудиот камен на 19 февруари 1995 година.  Жељко носеше црногорска народна носија, а Цеца српска. Аркан со колона од 60 џипови се упати кон Житораѓа  а потоа на шестиот обид  успеа да го погоди јаболкото, по што влезе во куќата на Величковиќ и ја зеде Цеца со себе, која најпрво ја купи од нејзината сестра Лидија. Таа  тогаш доби неколку илјади марки, како и златни часовници.

Црковната венчавка на Цеца и Аркан се одржа во црквата Свети Архангел Гаврил во Белград. Цеца носеше прекрасна бела венчаница со долг шлеп на црковната венчавка, додека Жељко носеше униформа на српски офицер со голем крст околу вратот.

Свадбата на Цеца и Аркан беше покриена од над 150 акредитирани новинари и фоторепортери, додека снимките од венчавката се најдоа на 560 телевизиски станици низ целиот свет.

Во декември 1996 се роди Вељко, а 1998 Анастасија.

На 15 јануари 2000 година, пред 21 година, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен во белградскиот хотел „Интерконтинентал“, каде што се венчаа.

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Забава

Пејачот Дарко Лазиќ призна дека е во големи долгови, па неодамна откри дека е должен повеќе од милион ипол евра. „Уште не сум ги...

Забава

Прекрасната Едина Муса ја познаваме како најубавата македонска кошарка, но таа во последниот период вложува повеќе време во фитнесот и затоа изгледа презгодно. Муса...

Македонија

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а сите останати мерки продолжуваат на сила. Согласно проценката на епидемиолошката состојба, ќе го...