Британки Бенкхед-Кендал, хирург, тврди дека белите дробови на пациентите опоравени од Ковид-19 изгледаат многу полошо дури и од белите дробови на пушачите. Оваа доцентка на Тексашкиот универзитет рекла дека рендгенските снимки на белите дробови на пушачите по малку се замаглени, додека на пациентите со корона вирус се речиси целосно вели, односно покажуваат интензивни лузни и недостаток на воздух кој влегува во органите.
– Не знам кој треба да го чуе ова, но белите дробови после ковид изгледаат полошо од белите дробови на кој било пушач што некогаш сме ги виделе, напишала таа на Твитер.
– Тие исчезнуваат. Се згрутчуваат. И отежнатото дишење се задржува… и така натаму…, додала докторката.
Бенкхед-Кендал рекла дека здравствените стручњаци многу повеќе се концентрираат на стапката на смртност, а не на долгорочните ефекти кај преживеаните. Таа додала дек дури и оние кои се без симптоми, меѓу 70 и 80 проценти имаат тешки резултати.
– Се уште постојат луѓе кои велат: ’Добро сум, немам проблеми’, а вие погледнете го рендгенот на градниот кош и тој е апсолутно лош, рекла.