Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Спасовски: 2020 година помина со најмалку жртви поради редовните сообраќајни контроли

„Ние како врвен приоритет си ја поставивме контролата во сообраќајот. Непочитувањето на сообраќајните прописи беше причина преку низа контроли да го спуштиме бројот на прекршоци. Кога зборуваме за сообраќајот не можеме да го средиме само со репресивни мерки, мора и едукација, уште од деца да имаме сообраќајна култура, уште од мали да знаат дека има сообраќајни правила за утре кога ќе бидат возачи да им биде полесно. Статистиката покажува средување на сообраќајот во извесна мера, декември имаме за 23 проценти намалување на прекршоците во споредба со декември 2019 година. 2020 заврши со најмалку жртви историски гледано, имаме 115 жртви, а во изминатите години имавме над 170, 180 жртви.

Со вакви резултати можеме да сме мотивирани и затоа соработуваме со Републичкиот совет за безбедноист во сообраќајот. Продолжуваме во континуитет со контроли во сообраќајот и во иднина.“- истакна Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи во интервјуто на МТВ.

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Македонија

Иако нема официјална информација, македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство и тоа на местото на Чешка. Најновата информација дека оваа селекција...

Македонија

Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег...

Македонија

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а сите останати мерки продолжуваат на сила. Согласно проценката на епидемиолошката состојба, ќе го...