Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

АКЦИЈА ВО СИНЃЕЛИЌ – Уапсени двајца, заплени 10 кила марихуана и оружје (фото/видео)

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.(74) и С.В.(45), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. 

Имено, во текот на денешниот ден (15.01.2021), по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со поголема количина на марихуана (околу 10 кг), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми. 

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик.

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Македонија

Иако нема официјална информација, македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство и тоа на местото на Чешка. Најновата информација дека оваа селекција...

Македонија

Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег...

Забава

Прекрасната Едина Муса ја познаваме како најубавата македонска кошарка, но таа во последниот период вложува повеќе време во фитнесот и затоа изгледа презгодно. Муса...