Градот Гојанија во Бразил жали за градоначалникoт Магуито Вилела, кој почина на 71-годишна возраст како резултат на компликации од КОВИД-19.
Вилела беше избран за градоначалник на бразилскиот град додека беше во кома во болница. Тој не знаеше дека е избран да управува со неговиот град сè додека неговиот син не му соопшти еден ден кога се разбуди од кома.
Семејството на градоначалникот беше тешко погодено од пандемијата со коронавирусот. Неговите две постари сестри, исто така, починаа од вирусот пред извесно време на растојание од 10 дена.
Бразил е една од најпогодените земји од коронавирусот и е рангирана веднаш после САД според бројот на жртви.