Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Со години ја ограбувале – ПОСТАВИЛА КАМЕРИ И ОСТАНАЛА ШОКИРАНА

На жена од со години и недостасувале работи од домот, за што морала да постави камера да ја открие причината која ја шокирала.  Отпрвин тоа било мала сума пари, а потоа и мобилен телефон, јакна. Во ноември изгубила 500 евра од својот стан во Германија, кои ги чувала за да патува кај семејството во Перу.

Откако инсталирала камери и се шокирала кога видела кој краде со години.

Јана Х. (31) живее 12 години во Германија, а за Билд изјави дека со години и недостасувале работи и пари од станот, сè додека не го фатила крадецот.

– Мојот телефон исчезна во 2016 година. Во тоа време, мислев дека можеби го загубив во клуб или такси. Се сомневав во познаници, а неодамна и домарот, вели таа

Во текот на годината изгубила вкупно 3.000 евра. Во станот никогаш немало знаци на кражба или провала, а Јана помислила и на духови.

Дури кога забележала дека и недостасуваат резервните клучеви, се исплашила. Наместо своите, таа нашла туѓи клучеви.

– Тоа беше премногу за мене. Наместив камери – рече Јана.

Таа ги инсталирала камерите откако во ноември исчезнале 500 евра од нејзиниот стан, кои ги оставила настрана за да ги отпатува кај своето семејство во Перу за Божиќ.

Алармот се вклучил на 12 декември во 4 часот наутро, додека Јана била во Перу. Домарот ја известил полицијата, која го фатила Густав Д. (54) во станот.

Јана не можела да им поверува на своите очи кога го погледнала видеото од камерата – крадецот бил нејзиниот сосед.

– Веројатно прво влегувал преку тераса, сè додека не ги заменил клучевите за да може да влегува преку врата – рече Јана.

Потоа бравата била заменета, но Јана сè уште не може да спие мирно.

– Во моментов барам друг стан – признава девојката.

најчитани вести

Македонија

Иако нема официјална информација, македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство и тоа на местото на Чешка. Најновата информација дека оваа селекција...

Македонија

„Благодарност за шансата да се приклучам на администрацијата на Бајден и со извонредните колеги да ги обновиме трансатлантските врски и да работиме заедно со...

Македонија

Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег...

Забава

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ често со своите фанови на социјалните мрежи споделува моменти од своето секојдневие, со што покажува како го поминува слободното време...