7 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БИХ ВО КОЈА ПОЧИНАА ОСУМ ТИНЕЈЏЕРИ

Две недели по новогодишната ноќ официјалните лица ја соопштија причината за смртта на осумте тинејџери од Посушје во БиХ за кои забавата заврши кобно. Имено, момчињата и девојките според направените лабораториски анализи починале заради труење со јаглерод моноксид. 

– Утврдено е дека кај сите осум лица дошло до интоксикација со јаглерод моноксид со утврдена концентрација во крвта, што е смртоносна, е резултат на анализата на нивната крв, изјавиле за порталот Радиосараjево од босанското обвинителство.

Во новогодишната ноќ, во страшна трагедија во Трибистово во општина Посушје загинаа Иван Миличевиќ (роден на 29.08.2001), Стипе Ромиќ (роден на 27.09.2001), Мирела Резо (роден на 8.09.2001) Шана Павковиќ (родена на 15 септември 2001 година), Миа Солдо (родена на 4 август 2001 година), Стипе Павковиќ (роден на 22 септември 2001 година) Марија Павковиќ (родена на 16 април 2001 година), Стјепан Јукиќ (роден на 9 август 2001 година).

Во викендичката во босанско Посушје, имало уште едно момче, кое ја избегнало трагедијата само затоа што порано си заминало од забавата бидејќи следниот ден требало да оди на работа во блискиот ски-центар.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести