9 C
Skopje
петок, април 9, 2021
spot_img

Неодлучноста заштитен знак на Мицкоски: Нема храброст да повика на бојкот на пописот !

Ни риба, ни девојка !
Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или нема храброст да застане и да се бори за тоа во кое што верува или нема капацитет да процени што е добро што е лошо и се плаши од импликациите за сопствените одлука. Трето образложение е тешко да се најде за неодлучноста на Мицкоски по сите прашања , а особено по најважните.
Доколку Мицкоски навистина сметаше дека начинот на кој што СДСМ планира да го спроведе пописот е исклучително штетен за Македонија, тогаш најмалку што очекуваа неговите поддржувачи е тој да застане цврсто во одбрана на Македонија и да повика на бојкот.
Доколку над 300 000 граѓани кои го дадоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ не беа во сопствените домови кога ќе им заѕвонеше пописна комисија, а со нив беа и нивните малолетни деца, тогаш е јасно дека власта немаше да може да ја реализира операцијата, односно дека пописот ќе беше нерелевантен без да се попишат 30-тина проценти од населението.
Наместо тоа, на конфузна прес конференција, Мицкоски не повика на бојкот туку побара граѓаните и да се попишуваат и да се потпишуваат на неговата петиција. Зошто би се потпишувале на петиција за изготвување на нов предлог закон е нејасно, како што е нејасно зошто доколку може да обезбеди мнозинство за неговиот предлог, тогаш не го употреби тоа мнозинство сега и да го спречи донесувањето на актуелното решение.
„ ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира заедно со граѓаните и ќе поднесе иницијатива до подрачните единици на Министерството за правда, за собирање на потписи за предлог закон кој што ќе биде доставен во Собранието, за поништување на овој закон кој што по насилен пат, планира парламентарното мнозинство да го донесе. И за ова ги повикуваме сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност или неприпадност без разлика на нивната етничка и верска припадност да ни се приклучат и придружат затоа што на Македонија и е потребен попис кој што ќе даде одговор на статистичките дилеми а не повторно попис кој што ќе биде политички и попис кој што нема да даде одговор на прашањата кои што ја засегаат македонската јавност.“, изјави Мицкоски.

Мицкоски за референдумот се дефакторизираше и остави народот да одлучува

Обврска на секој политичар и функционер е да носи одлуки. Доколку тие одлуки се покажат како добри, тогаш тој ќе биде ценет и реизбран од членството или граѓаните. Доколку тие одлуки се лоши, тогаш треба да си побара нова работа или да да побара простување и нова шанса.
Во 2018 година Мицкоски негодуваше за референдумското прашање, но не собра храброст да повика на бојкот.

Мицкоски не повика ниту да се излезе и да се гласа против, но затоа како што го губеше угледот и рејтингот, го фати нервоза и вулгарно ги нападна оние кои бојкотирале дека биле извалкани со фекалии.

За референдумот Мицкоски се исплаши и на тие што го бирале да ги води им порача дека од него не треба да очекуваат ништо, туку треба сами да одлучуваат.

Мицкоски дури и се мајтапеше, одбивајчи да соопшти дали и самиот ќе излезе да гласа или ќе бојкотира.

Граѓаните реагираа тогаш, а реагираат и сега на неговата неодлучност и несериозност

Главното подбивање тогаш беше дека дури и Јанко Бачев успеал да заземе став по однос на референдумот.
Сега реакциите на граѓаните одат во иста насока. Тие се разочарани од нерешителноста на Мицкоски и бараат да си замине од партијата. Дел од нив се сомневаат дека неговата неодлучност е со цел да му се помогне на СДСМ.
Пренесуваме дел од реакциите после неговата пресконференција.

Медиа веќе пишуваше дека Мицкоски манипулира и околу пописот. Никаде во законот не се очекува од него да ги признае резултатите, а неговото главно оружје останува „непризнавањето“. Исто така образложението на Мицкоски дека не сакал граѓаните да биле казнувани заради бојкот , не држи вода. Во законот нема казнени одредби доколку попишувачите не ги затекнат дома граѓаните.

Читај Следно

10,322FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести