Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ИСТРАЖУВАЊЕТО ПОКАЖА: Кој прележал ковид има подобра заштита од вакцината!

Луѓето кои прележале Ковид-19 имаат поголема заштита од реинфекција пет месеци подоцна, отколку лицата кои се вакцинирале со оскфордкста вакцина, истото важи и за онаа на Фајзер, соопшти службата на Национално здравје на Англија (ПХЕ).

Податоците на ПХЕ Сирен студијата, која го следи здравјето на повеќе од 20 000 медицинари во повеќе од 10 града во Британија, покажала колку членови на медицинскиот персонал добиле корона повеќе од еднаш.  Утврдено е дека 6 614 медицински работници добиле вирус во првата половина на 2020 година, а само 44 лица од оваа група повторно заболеле од корона, пренесува Дејли меил. 

ПХЕ додава дека ова значи дека лицата кои прележале Ковид-19 имаа 83 отсто заштита од реинфекција, а исто така, намалена им е шансата при евентуално повторно заболување да развијат посериозни симптоми.

Се додава дека само 15 од 44 лица кои повторно се инфицирале развиле симптоми на ковид, останатите биле асимптоматски случаи. Истражувачкиот тим рекол дека можат да кажат оти природниот имунитет на Ковид-19 трае најмалку пет месеци, затоа што толку долго трае студијата која ќе продолжи и во следните 12 месеци. 

најчитани вести

Македонија

Иако нема официјална информација, македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство и тоа на местото на Чешка. Најновата информација дека оваа селекција...

Македонија

„Благодарност за шансата да се приклучам на администрацијата на Бајден и со извонредните колеги да ги обновиме трансатлантските врски и да работиме заедно со...

Македонија

Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег...

Забава

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ често со своите фанови на социјалните мрежи споделува моменти од своето секојдневие, со што покажува како го поминува слободното време...