Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДЕФИНИТИВНО: Утрински се*с е подобар од утринско кафе

Според сексолозите, утринскиот секс го подобрува расположението, ја продлабочува интимноста и може да ја замени шолјата кафе.

За некои луѓе, идеалното утро значи мрзливо излежување. За други, тоа е можност за утрински тренинг. За трети – идеално утро е она исполнето со сексуални односи. Според сексолозите, оваа последна група има повеќе придобивки од своите утрински активности отколку претходните две.

 Според најновите научни истражувања, дури 58% од жените не сакаат да имаат утрински секс. Утринскиот здив, размислувањето за многубројните обврски, стравот дека децата ќе се разбудат или дека ќе задоцнат ги спречуваат да уживаат во утринскиот секс. Прочитајте зошто треба да ги отстраните овие блокади и да си дозволите да уживате во вашата утринска сексуална активност.

1. Психички сте најопуштени наутро

Колку и да ве очекуваат обврски, наутро сте сепак најопуштени. Сè уште не сте поминале низ стресните состаноци, не сте вежбале, не сте трчале по училишта и градинки… Едноставно кажано, нивото на стрес во телото е најниско по будењето.

 Кога ќе погледнете што сè треба да направите во еден ден, не е ни чудо што жените не сакаат секс кога ќе си легнат навечер. Бидејќи сексуалниот живот е важен за стабилноста на секоја врска, утринскиот секс би можел да биде решението. Идеални услови за секс се кога двајцата партнери се опуштени и одморени.

2. И телото е најопуштено наутро

Чувството на полубудност што го имате наутро не е само во вашите мисли. Вашите мускули се опуштени, телото ви е топло, дното на карлицата сè уште не е стегнато од стрес, а вашиот пулс е побавен, што придонесува да чувствувате поинтензивно задоволство. Затоа, на жените ќе им биде полесно да постигнат оргазам.

3. Сексуалниот нагон е посилен наутро

Истражувањата покажаа дека сексуалниот нагон кај повеќето луѓе е посилен наутро. Добро е позната приказната дека нивото на тестостерон е највисоко наутро, но ова важи за хормоните од двата пола. Жените немаат утринска ерекција, но и тие наутро имаат високо ниво на естроген.

„Жените имаат највисоко ниво на естроген помеѓу 23 часот и 2 часот по полноќ. Ова е периодот кога хормоните обезбедуваат најдобра основа за секс. Сепак, нивото на естроген се зголемува и неколку часа подоцна, па утринскиот секс е втор на листата достапни опции“, вели Хилда Хачерсон, професор по гинекологија на Универзитетот „Колумбија“.

4. Утринскиот секс го подобрува расположението

Сексуалниот однос помага во ослободување серотонин и допамин и гарантира добро расположение. Кога ќе го започнете денот со секс, можете да бидете сигурни дека ќе бидете одлично расположени во поголемиот дел од денот. И уште нешто – утринскиот секс може да го замени кафето. Кофеинот наутро има функција да предизвикува лачење серотонин и допамин. Ако имате секс наутро, веќе нема да ви треба кафе. Едно истражување покажало дека 53% од мажите и 45% од жените велат дека денот им е попродуктивен по утринскиот секс.

5. Утринскиот секс е прикриен тренинг

Хачерсон тврди дека утринскиот секс ја стимулира циркулацијата на крвта, ги подмачкува зглобовите и ги тонира мускулите. Ако сте исклучително активни, тоа може да придонесе за позначајно согорување калории. Истражувањата покажуваат дека мажите во просек согоруваат 4,2 калории во минута за време на сексот, а жените 3,1 калорија во минута. Тоа значи вкупно 100 калории кај мажите и околу 70 кај жените за време на еден однос со просечна должина.

6. Утринскиот секс ја продлабочува емоционалната интимност

Луѓето се најранливи наутро, па сексот наутро му покажува на партнерот дека сте подготвени да се отворите и дека имате доверба во него.

„Првото нешто што го чувствувате на ваков ден е физичкиот допир и чувството на поврзаност и блискост“, истакнува Флеминг.

Само 20 секунди во нечија прегратка се доволни за вашето тело да произведе окситоцин. Овој хормон го стимулира оргазмот кај жената, па ова е и одговор на прашањето зошто на жените им е полесно да постигнат оргазам наутро.

Сепак, ако не сте љубител на утрински секс, не треба да очајувате.

Како да уживате во утринскиот секс?

Често се случува партнерите да не бидат синхронизирани и едната личност да претпочита секс навечер, а другата секс наутро. Еве како да ги надминете недостатоците на утринскиот секс.

Тешко ви е да се разбудите

Постојат луѓе кои лесно се будат и веднаш се одморени, како и оние кои се будат тешко и се прилично лути по будењето. Ако сакате утрински секс и подобар сон, тогаш започнете да легнувате и да се будите истовремено. Воведете дневни ритуали кои ќе ви помогнат да заспиете полесно и да спиете подобро.

Ако сето ова ви претставува проблем, решението е едноставно: пијте кафе пред сексот. Вие дури и не треба да го пиете, доволно е партнерот што се буди полесно да направи кафе и да ви го донесе до вас. Мирисите на кафе, нане или есенцијални масла ќе го разбудат вашето тело.

Не треба да изведувате акробатски пози

Предноста на утринскиот секс е бавното расонување и долгата предигра што обично е бонус за жените. Не брзајте никаде, оставете ги телата полека да се подготвуваат. Не мора да бидете спортист или да рушите рекорди, за утрински секс се најдобри мисионерската поза, лажичка или која било друга поза што ви овозможува да бидете мрзливи, полубудни и да уживате. Искористете ја оваа можност да испробате тантричен секс кој е бавен и не ве брза да доживее оргазам, но ви овозможува да уживате во целиот чин.

Утрински здив и утрински секс – како да ги усогласите?

Ако утринскиот здив е единственото нешто што ве спречува да уживате во утринскиот секс, подгответе СОС-додатоци на ноќната масичка. Доволни се една гума за џвакање, спреј за освежување на здивот или бонбонче за да ја отстраните оваа непријатност.

Исто така, постојат луѓе кои губат многу течности во текот на ноќта и чија прва грижа наутро е жедта. Решението е едноставно: чувајте чаша вода покрај креветот.

Дури и ако сè уште не сте воодушевени од идејата за утрински секс, не грижете се, не мора веднаш да станете обожавател. Само дозволете си себеси и на вашиот партнер повремено да се освежувате и да ја менувате рутината.

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Македонија

Иако нема официјална информација, македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство и тоа на местото на Чешка. Најновата информација дека оваа селекција...

Македонија

„Благодарност за шансата да се приклучам на администрацијата на Бајден и со извонредните колеги да ги обновиме трансатлантските врски и да работиме заедно со...

Македонија

Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег...