Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи.

Честитајќи му го изборот за поглавар на ИВЗ, претседателот Пендаровски му посака успех во работата и ги потенцираше своите заложби за соработка со сите верски заедници во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи ќе даде значаен придонес во мисијата на ИВЗ, во унапредувањето на соживотот и почитувањето на различностите, како една од темелните вредности на нашата држава.

На средбата поглаварот на ИВЗ го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на заедницата, како и планираните активности и проекти во следниот период.

најчитани вести

Македонија

Иако нема официјална информација, македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство и тоа на местото на Чешка. Најновата информација дека оваа селекција...

Македонија

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз...

Забава

Во морето од различни сексуални пози, обично ги паметиме оние што гарантираат оргазам, или оние чие име е смешно за нас. Ви претставуваме една...

Македонија

„Благодарност за шансата да се приклучам на администрацијата на Бајден и со извонредните колеги да ги обновиме трансатлантските врски и да работиме заедно со...