18 C
Skopje
вторник, април 6, 2021
spot_img

Сопственикот на компаниите Tesla и SpaceX ,за само еден ден загуби дури 14 милијарди долари

Сопственикот на компаниите Tesla и SpaceX, Илон Маск, кој неодамна беше прогласен за најбогат човек на светот, повторно се најде на второто место на листата, откако неговото богатство во само еден ден се намали за скоро 14 милијарди долари.

Акциите на компанијата на Маск за електрични возила – Tesla вчера паднаа за речиси осум отсто, со што нето вредноста на богатството на Маск се намали за 13,5 милијарди долари и сега изнесува 176,2 милијарди долари, според проценките на Форбс.

Откако во петокот накратко го престигна извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, како најбогат човек во на светот, Маск повторно се најде на второто место на таа листа.

Сега заостанува околу шест милијарди долари зад Безос, чија нето-вредност се проценува на 182,1 милијарди долари. И акциите на Amazon вчера паднаа за повеќе од два процента, што значи намалување за 3,6 милијарди долари.

И покрај падот, Маск е сè уште околу 20 милијарди долари побогат од третиот најбогат човек во светот, францускиот тајкун во секторот луксузни стоки, Бернард Арно. Неговото богатство, пак, се проценува на 154,6 милијарди долари.

Читај Следно

10,323FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести