6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Приказната што скоро сигурно ќе ја одбележи спортската 2021 година доаѓа од Англија

Приказната што скоро сигурно ќе ја одбележи спортската 2021 година доаѓа од Островот, од натпреварот од третото коло на ФА купот помеѓу Шефилд Венсдеј и Ексетер Сити.

Имено, Деклан Томпсон, момче кое помина 18 месеци во инвалидска количка, го имаше своето деби на овој натпревар, а прашањето беше дали некогаш ќе оди повторно.

Веќе на петгодишна возраст, на Деклан му беше дијагностицирана Пертесова болест, исклучително ретка болест што влијае на колковите во детството. Тој мораше да биде опериран и 18 месеци беше во инвалидска количка. Лекарите им рекоа на неговите родители дека можеби никогаш повеќе нема да може да оди, а не се ни зборуваше за играње фудбал.

Сепак, младиот и храбар борец успеа да истрча на теренот во победата на неговиот клуб од 2:0. Најгорди на него се секако неговото семејство, кое со многу емоции го придружуваше неговото деби во дресот на популарните „Бувови“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести