11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Нова шанса за Македонија: САД пријави 18 позитивни на КОВИД-19

Светското ракометно првенство во Египет почнува, а проблеми имаат екипите што треба да настапат на истото. Дел од нив мака мачат со заразени играчи со КОВИД-19, па бараат замени во последен момент. Но има и екипи кои чекаат повик во случај некоја репрезентација да се откаже поради проблеми со коронавирусот. Меѓу нив е и Македонија која е спремна да влезе како замена.

Во Бразил пријавија заболени од КОВИД-19 но се уште не се откажала, а и Соединетите Американски Држави имаат дури 18 позитивни на новиот коронавирус. И тоа пред почетокот на СП. Големи се шансите Американците да се откажат, па ние да влеземе на нивното место во групата Е каде се уште Норвешка, Австрија и Франција. Се чека потврда за заразените и одлуката на САД за настапот на Мундијалот.

Американците првиот меч во групата треба да го одиграат во четврток против Австрија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести