Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Сугарески нов директор на Царинската управа

Се уште траат кадровските измени од страна на старо-новата влада во Македоноија.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе биде директор на Царинската управа.

Оваа одлука ја донесе владата на денешната седница.

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.

Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година.

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Македонија

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз...

Забава

Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори душата Учесничка во Парови, Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори...

Забава

Во морето од различни сексуални пози, обично ги паметиме оние што гарантираат оргазам, или оние чие име е смешно за нас. Ви претставуваме една...