Неколку горили во зоолошката градина во Сан Диего биле заразени со вирусот корона и се верува дека ова е прв случај на инфекција на корона кај овие животни.
Извршниот директор на зоолошката градина Лиза Петерсон изјави дека осум горили кои живеат заедно во паркот биле заразени, а неколку од нив имале забележлива кашлица.
Се претпоставува дека инфекцијата дошла од вработените во зоолошката градина, кои исто така се позитивни на вирусот корона, но тие припаѓаат на асимптоматски случаи.
- Ветеринарите внимателно ја следат состојбата на горилите што ќе останат во нивниот кафез во градината, додаде Петерсон.
https://youtube.com/watch?v=SJYlE_iRkYY%3Ffeature%3Doembed
Некои други животни претходно добиле корона вирус, од визони до тигри, но се верува дека ова е прв пат да се заразат горили.
- Ова се диви животни, кои имаат свои одбранбени механизми и се третираат поинаку од нас. Нашиот фокус е да ги одржуваме здрави и живи, додаде Петерсон.