18 C
Skopje
вторник, април 6, 2021
spot_img

Мицкоски на различна фреквенција со новата американска администрација! Ќе ја плати ли повторно ВМРО-ДПМНЕ цената ?

„Благодарност за шансата да се приклучам на администрацијата на Бајден и со извонредните колеги да ги обновиме трансатлантските врски и да работиме заедно со Европа на глобалните предизвици. Благодарам за љубезните честитки и убавите желби“, напиша на својот твитер профил Аманда Слот пред четири дена, како реакција на најавите дека ќе биде назначена на Директор за Европа во Националниот совет за безбедност.

Аманда Слот работела и претходно во Стејт Департментот во време на Обама-Бајден администрацијата, а нејзиното име кај нас добива на значење кога преку одредени медиуми почнува да се врзува со Преспанскиот договор.
Тогашниот американски амбасадор во земјава Џес Бејли негираше дека Слот е автор на договорот од позадина.

Во октомври 2018 година, на новинарско прашање – „Има сомнение дека преспанскиот договор е напишан од поранешен американски дипломат Аманда Слот дали имате информација за тоа?“, Димитар Димовски кој важи за добар соработник на Мицкоски одговори: „За тоа тврдење ние немаме информации. Истото го видовме и во одредени медиуми но тоа што можам да го кажам е дека тој договор на 30 септември заврши и тој договор за ВМРО-ДПМНЕ е политички и законски мртов договор. Не постои тој договор повеќе.“
Додека Мицкоски го прогласуваше договорот за мртов, Аманда Слот за непрофитната организација Брукингс објави анализа со наслов „Дипломатијата триумфира: Грција и Македонија го решија спорот околу името“. Во анализата Слот предупреди на проруското мешање и блокадите на патот кон полноправно членство во НАТО.
„Во Скопје, Претседателот Ѓорѓе Иванов дека било кој договор не смее да содржи промена на Уставот или внатрешно користење на името. Исто така постои загриженост дека Русија, која се противи на проширувањето на НАТО, отпочна кампања со дезинформации за да ја подгрее опозицијата.“ напиша Слот.

Иако Мицкоски по изборот за прв човек на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поврати угледот на партијата кај меѓународните партнери, тој им даде уште посериозен простор на сомнителни ликови од кабинетот на Иванов за кои се говори дека не се омилени кај стратешките партнери на Македонија. Името на советникот на Иванов , Синиша Алексовски се врзуваше и со упадот во Собранието и со бојкотот на референдумот и проруските влијанија.

Веста за именување на Слот следува после најавата дека Викториа Нуланд ќе биде именувана за државен потсекретар за политички прашања. Нуланд , исто како и Слот е добро запознаена со политичката ситуација во Македонија и цврсто ги застапува прозападните интегративни процеси.
Реномираниот Политико веќе најави дека Бајден ќе назначува ветерани од времето на Обама за да ги пополни главните позиции во безбедносните тела.
Грчкиот Екатимерини вчера објави дека присуството на Нуланд и Слот е јасна реафирмација на определбата на САД за евро-атлантското сојузништво. „Со оглед на нивната претходна служба во владата, може да очекуваме дека тие ќе бидат импулс во третирањето на НАТО и ЕУ повторно како вредни партнерства“, заклучуваат во Екатимерини.

Додека сите сериозни политички фактори се обидуваат да се изборат за што е можно подобри позиции во новата администрација и да изградат долгорочни стратегии, невладини организации блиски до политиките на Мицкоски, започнаа да ги прогласуваат за предавници идните соработници на Бајден.
Извесна невладина организација „Млади за Македонија“ ги нападна Филип Рикер, Хојт Ји и Аманда Слот.
„Пред да ја разоткриеме Аманда Слот, да ја погледнеме нејзината биографија. Таа за време на администрацијата на Обама беше заменик помошен секретар за Југоисточна Европа и Источен Медитеран, каде што беше одговорна за односите со Грција, Кипар и Турција. Пред 3 дена Аманда Слот беше назначена за дел од тимот на Бајден и член на Националниот безбедносен совет, каде ќе биде одговорна за европските прашања. Аманда Слот важеше за близок соработник на Џес Бејли. Аманда Слот е вистинскот автор на договорот кој подоцна ќе биде познат како Преспански договор. Договорот кој го напиша таа на 24 мај му е предаден на Коѕијас, а немало потреба воопште ни да биде прашан за мислење Никола Димитров, бидејќи тој профаќал се од американците. Вистината е дека сите преговори помеѓу Македонија и Грција беа фарса, Никола Димитров само потпиша лист хартија која му ја припреми Аманда Слот. Исто така, улога одигра и Хојт Ји. Хојт Ли е човекот кој ги даде иструкциите на македонските политичари за разнебитувањето на државата, а за неговите дела и делата на Бејли јавноста е веќе добро запознаена.“ објавија од организацијата која е блиска со ставовите на Мицкоски.

Читај Следно

10,323FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести