Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Долга и сериозна врска ги очекува оние кои се запознаваат на интернет

Постојат мислења дека апликациите за поврзување парови не можат да нè запознаат со партнер со кој ќе имаме долга и сериозна врска, но едно швајцарско истражување покажа дека е многу поверојатно дека апликацијата ќе ги охрабри корисниците да остварат долгорочна врска

Овој начин на запознавање денес стана многу популарен меѓу многу луѓе ширум светот.

Апликациите за паметни телефони како Tinder и Grinder главно се базираат на рејтинг на фотографии без друг сет на функции.

„Многумина веруваат дека „средбите“ преку апликации влијаат негативно на квалитетот на односите затоа што им ја одземаат потребата на луѓето за квалитетна или долгорочна врска, ваквиот заклучок засега нема докази“, изјави авторот на студијата Џина Потарца, научник од Институтот за демографија и социоекономија.

За целите на истражувањето, таа го искористила истражувањето на Швајцарското централно биро за статистика од 2018 година, анализирајќи ги одговорите на повеќе од 3.000 луѓе кои биле во врска, а се сретнале со својот партнер во изминатите десет години

Нејзината анализа покажала дека паровите кои се запознале преку апликација биле повеќе мотивирани да живеат заедно отколку другите. Исто така, дека имале посилна желба за потомство од другите.

Таа верува дека резултатите од истражувањето се особено интересни и стимулативни во времето во кое живееме – среде пандемијата, што значително го намалило бројот на традиционални познаници.

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Македонија

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз...

Забава

Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори душата Учесничка во Парови, Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори...

Забава

Во морето од различни сексуални пози, обично ги паметиме оние што гарантираат оргазам, или оние чие име е смешно за нас. Ви претставуваме една...