Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Дипломатот Вилијам Барнс е изборот на Претседателот Бајден за шеф на најмоќната служба

Избраниот Претседател Џозеф Бајден одлучи директорското место во ЦИА да му го довери на 64 годишниот Вилијам Џ. Барнс, дипломат од кариера со кого подолго време работеле заедно на разни отворени прашања од надворешната политика, не само во време на администрацијата на Обама, туку и претходно додека Бајден го водел Комитетот за надворешни работи на Сенатот.
Доколку предлогот на Бајден помине во Сенатот, проценките на ветераните на најмоќната агенција се дека ЦИА многу ќе профитира со изборот на Барнс, пред се заради неговото длабинско познавање на надворешната политика, но и заради неговата блискост со првиот човек на САД.
Изборот на Барнс, кој одлично говори Руски и Арапски се смета за сигнал дека американското разузнавање ќе биде максимално професионално.
Поранешни директори на ЦИА и високи оперативци во агенцијата, како што пренесува НБЦ, го поздравија изборот на Барнс.
„Тој е извонреден избор“ изјавил Мајкл Хајден, Директор на ЦИА во време на Џорџ Буш.
Поранешниот директор Џорџ Бренан, коментирал „Бил има извонредна репутација. Тој со години работеше на операции како „Шеф на мисијата“, термин кој се користи за амбасадорите. Амбасадорите вообичаено се добро информирани за операциите на ЦИА во нивните земји и вообичаено знаат повеќе за нив отколку било кој друг, со оглед на рестрикциите во врска со класифицираните информации согласно правилото „потреба да знае“.“
„Тој е џин во светот на надворешнара политика и многу е почитуван преку океанот. Ја познава разузнавачката заедница, а оператицните навистина го сакаат“, изјавил Марк Полимеропулос, поранешен оперативец на ЦИА.
Самиот Бајден вчера изјавил дека Барнс ги споделува неговите длабоки убедувања дека разузнавањето мора да биде настрана од политиката и дека посветените професионалци кои и служат на нацијата ја заслужуваат сета благодарност и респект.
За Вилијам Барнс кој работел 32 години за Стејт Департментот, поранешниот државен секретар Хилари Клинтон го опишала како „стабилна рака“ и „ефективен пожарникар“.
Вилијам Барнс се пензионирал во 2014 година , служејќи на позицијата заменик државен секретар за врме на администрацијата на Обама.
Од 1998 до 2001 година, Барнс работел како Амбасадор во Јордан, а од 2005 до 2008 година како Амбасадор на САД во Москва.

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Забава

Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори душата Учесничка во Парови, Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори...

Забава

Во морето од различни сексуални пози, обично ги паметиме оние што гарантираат оргазам, или оние чие име е смешно за нас. Ви претставуваме една...

Македонија

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз...