Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

БРАВО: Возач од брза помош пешачел 5 километри низ снег за да помогне на пациент (видео)

Дрвјата коишто паѓаат на патот пореди тежината на снегот можат да бидат вистинска опасност за секој возач. Не само што моментот кога паѓа дрвото може да биде фатален, туку соборените дрвја едноставно го оневозможуваат поминувањето на возилата.

Возач на Здравствениот дом во Власотинце, во Србија,  Срѓан Радичевиќ тргнал вчераутро во 6 часот наутро за да транспортира пациент од Липовица за хемодијализа во Лесковац.

Сепак, тој бил оневозможен. Во меѓувреме паднало уште едно дрво поради обилните врнежи  оставајќи го возачот заробен. На половина пат за назад, тој морал да излезе од возилото и да пешачи.

Така заглавен, без сигнал од мобилната мрежа, тој пешачел околу 5 км додека не добил сигнал и ги повикал своите колеги за помош.

Додека чекал пациентот тие морале да го остранат и дрвото кое го попречувало патот.

– Јас и мојот колега Иван Давиниќ отидовме да ја земеме пилата на Срѓан во неговата куќа и отидовме да ми помогнемме. Кога го сретнавме, започнавме да отстрануваме дрвја од патот и така стигнавме до пациентот – вели шефот на возниот парк на Здравствениот дом во Власотинце, Зоран Кочиќ.

Возачите не чекале помош да дојде од страна, сфатиле дека во таква тешка и итна ситуација, само тие можат да си помогнат со свои раце.

Пациентот од Липовица без дополнителни проблеми бил пренесен во болницата во Лесковац.

https://www.facebook.com/watch/infodesk.vlasotince/

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Македонија

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз...

Забава

Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори душата Учесничка во Парови, Драгана Мирковиќ под дејство на алкохол решила да ја отвори...

Забава

Во морето од различни сексуални пози, обично ги паметиме оние што гарантираат оргазам, или оние чие име е смешно за нас. Ви претставуваме една...