Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ТАА Е НАЈМАСОВЕН СЕРИСКИ УБИЕЦ – УБИЛА ПОМЕЃУ 300 И 2000 ДЕВОЈКИ ,А ЗА ТОА ИМАЛА БОЛЕН МОТИВ

Една од најпознатите жени кои одземале животи и, секако, една од најпознатите вампирки Ержебет Батори живеела во втората половина на 16 и првата половина на 17 век…

Дали сте чуле за грофицата Ержебет Батори, најконтроверзната жена на унгарската историја, која е виновна за смртта на повеќе стотици млади девојки?

Една од најпознатите жени кои одземале животи и, секако, една од најпознатите вампирки Ержебет Батори живеела во втората половина на 16 и првата половина на 17 век. Се смета за жена со најголем број жртви во европската историја, иако тој број се уште не е утврден – ниту некогаш ќее биде.

За време на судењето на грофицата Батори, најголемиот број жртви кој бил наведен бил 650, а некои извори наведуваат застрашувачки податоци: дека убила меѓу 300 и дури 2000 млади девојки. 

Унгарската грофица на 11 години била свршена за војникот Фенерц Надажди, а на 15 и се омажила за него. Но пред да стапи во брак со него таа на свет ја донела ќерката Анастасија за која се верувало дека е плод на нејзината забранета љубов со еден слуга. Со Ференц имала уште пет деца од кои две умреле во раното детство. На 27 години останала и без сопругот кој бил убиен.

Интересно е дека целата грофовска фамилија Батори важела за вампирска и заради нивните врски со грофот Владо Цепеш. Имено, Иштван Батори, роднина на Ержебет, му помогнал на Дракула да си го поврати престолот. Освен тоа и двете семејства на семејните гробови имале амблем со змеј.

Не е забележан податок за тоа кога Ержебет почнала да ги лишува младите жени од живот, но се верува дека тоа се случило после 1585 година. Според унгарските легенди, грофицата еден ден на своја слугинка во налет на бес и зарила ножици во глава и така ги окрвавила своите раце. 

Откако ги измила и се присторило дека кожата на местата каде што имала крв и е поубава и значително подмладена. Така се родил нејзиниот план својата младост да си ја поврати и зачува на бизарен начин – мачејќи млади девојки, пиејќи ја нивната крв и убивајќи ги кога нема да и бидат потребни. 

Со оглед на тоа дека ефектот изостанал и покрај бројните жртви, Ержебет помислила дека крвта на младите селанки не делува на нејзината кожа, па отворила академија за да дојде до крвта на благородничките ќерки.

https://youtube.com/watch?v=N8NUW76rBJI

Во злосторствата и помагале уште четири жени кои за тоа биле казнети со смрт, а Ержебет била казнета со домашен притвор. Последните четири години ги поминала во својот замок Чахтица (денешна Словачка), а умрела мирно, во сон. 

Закопана е на црковните гробишта во Чахтице на 25 ноември 1614 година, но локалното население се побунило затоа што почива на тоа место, па телото било преместено во Наѓечед, во семејната гробница на Баториеви. 

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Забава

Тајлен Блондо стана позната како девојка која беше фотографирана за насловната страница на „Vоgue“ на десетгодишна возраст, а таа фотографија крена голема прашина, бидејќи...

Македонија

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз...

Свет

Повеќе од 230 милиони луѓе во Европа живеат во земји под целосна национална блокада. Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе...