Најмалку 23 лица беа убиени за време на викендот во судир меѓу полицијата и банди во главниот град на Венецуела, Каракас, според извештаите на медиумите и активисти за човекови права.
Крвопролевањето започна во петокот попладне со операција на две полициски единици – Специјалните акциони сили, познати како ФАЕС и единицата за специјални тактички операции, позната како УОТЕ – во населбата Ла Вега, преплавена од банди.
Продолжи во саботата, напиша активистот Марино Алварадо на Twitter, пренесува Ројтерс.
Според Алварадо, други активисти и извештај во „Ultimas Notisiasu“, весник за кој се верува дека е близок до владејачката Социјалистичка партија, се чини дека ниту еден полицаец не го загубил животот во конфликтот.