Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Симптомите на ковид-19 може да потраат и до пола година

Три четвртини од хоспитализираните пациенти од Ковид-19 имаат најмалку еден симптом барем шест месеци откако се разболеле, се наведува во новото кинеско научно истражување кое потврдува дека од инфекцијата со корона вирус не се опоравува лесно и брзо.

Истажувачите кои студијата ја објавиле во медицинскиот магазин The Lancet, проучувале податоци од 1733 пациенти на просечна возраст од 57 години во Вухан. Утврдено е дека 76 % имале еден или повеќе симптоми шест месеци после почетната дијагноза на инфекцијата. Најчестиот симптом е замор или слабост во мускулите (кај 63 % од пециентите, односно кај скоро двајца од тројца) додека често се пријавуваат и потешкотии со спиењето (кај 26 % или кај секој четврти) и анксиозност или депресија (кај 23 %).

Пациентите кои се хоспитализирани во потешка состојба и на кои им е потребен кислород или биле на респиратор, шест месеци подоцна имале поголеми оштетувања на белите дробови и отежнато дишење (29 %, односно 56 % од пациентите), како и бубрежни проблеми (13 % од пациентите).

Студијата, исто така, го остава отворено прашањето колкава е веројатноста за повторна инфекција, со оглед на тоа дека кај поранешните пациенти е откриено пониско ниво после шест месеци (намалување од 53 %, односно повеќе од половина) во споредба со почетната акутна фаза од инфекцијата.

Се истражува колку долго може да трае фазата на опоравување после долг ковид.

– Со оглед дека Ковид-19 е нова болест, дури сега почнуваме да сфаќаме некои од неговите долгорочни ефекти врз здравјето на пациентите. Нашата анализа покажува дека повеќето пациенти продолжува да живее барем со некои последици од инфекцијата на корона вирус и после излегувањето од болница, особено оние кои имале сериозна инфекција, рекол Бин Као, професор по пулмологија на Медицинскиот универзитет Пеоки. 

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Забава

Тајлен Блондо стана позната како девојка која беше фотографирана за насловната страница на „Vоgue“ на десетгодишна возраст, а таа фотографија крена голема прашина, бидејќи...

Македонија

На 05, 06 и 07.01.2021 од страна на организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР на територијата на целата држава санкционирани...

Забава

Начинот на кој гледате на работите ве открива каква личност сте, зарем не? Ние во суштина сме склони работите да ги гледаме од својата...