Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Петмина осомничени за тешка кражба од банкомат во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.

Осомничените, четворица македонски државјани и една државјанка на Република Албанија, се здружиле и на 01.12.2020 година, со кршење и провалување, украле пари од банкомат сопственост на една деловна банка, поставен во мега-маркет на улицата „Илинденска“ во Гостивар.

Неколку дена претходно, првопријавениот и петтопријавената го неутрализирале сензорот на алармниот систем во маркетот. Потоа, на критичниот ден, четворицата осомничени македонски државјани, со подесни предмети – хебли и физичка сила ја отвориле автоматската влезна врата на маркетот. Со хеблите и со батериска брусилица делувале врз банкоматот, насилно го отвориле капакот, а потоа и сефот кој се наоѓа во долниот дел. Од банкоматот одзеле четири касети во кои имало вкупно 1.800.000 денари и го напуштиле местото.

Надлежниот јавен обвинител за четворица осомничени до судијата на претходна постапка од  Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор, додека еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на четворицата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена. За двајца од нив притворската мерка се применува, додека за првоосомничениот и петтоосомничената, кои се во бегство, притворот ќе започне да се применува по нивното лишување од слобода.​​

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Свет

Повеќе од 230 милиони луѓе во Европа живеат во земји под целосна национална блокада. Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе...

Забава

Тајлен Блондо стана позната како девојка која беше фотографирана за насловната страница на „Vоgue“ на десетгодишна возраст, а таа фотографија крена голема прашина, бидејќи...

Свет

Веќе долго време владее митот дека „коронавирусот ги сака чистите бели дробови“ и дека пушачите на некој начин се заштитени од тешкиот облик на...