Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НАУЧНА СТУДИЈА ОТКРИВА: Имунитетот на Ковид-19 трае најмалку 8 месеци!

Имунитетот на човечкото тело кон новиот коронавирус обично трае најмалку осум месеци по инфекцијата, објави „Washington Post“.

Според студија објавена во списанието „Science“ околу 90 проценти од пациентите кои учествувале во студијата имале долготраен и стабилен имунитет.

Новата студија во „Science“ сведочи дека луѓето развиваат подолготрајна отпорност на вирусот по инфекцијата во повеќето случаи.

Анализата на примероци од крв од речиси 200 пациенти покажа дека повеќе елементи на имунолошкиот систем, не само антитела, продолжуваат ефикасно да го препознаваат вирусот и да реагираат на инфекција.

Човечкото тело се чини дека се сеќава на напаѓачот и е во состојба да реагира на секоја средба со напаѓачот во координирано дејство на антитела и Т-клетки, се наведува во анализата.

најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Македонија

На 05, 06 и 07.01.2021 од страна на организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот при МВР на територијата на целата држава санкционирани...

Свет

Повеќе од 230 милиони луѓе во Европа живеат во земји под целосна национална блокада. Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе...