Пејачката Милица Павловиќ со години важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата.
Со нов пост на својот Инстаграм профил, таа успеа и да ја оправда оваа титула. Имено, Милица позираше во краток фустан, кој ги истакна нејзините долги, витки, извајани нозе.

Инаку, Милица за време на празниците откри дека во тие денови била многу тажна затоа што ова бил првиот Божиќ што го поминала без дедото со кој пораснала.
– Сакам празници како Божиќ, Велигден, со нетрпение ги очекувам, особено трпезата, одењето во црква, заедно се причестуваме како семејство … Трпезата е подготвена! Оваа година се причестив овде во црквата, два дена после тоа се враќам тука во Белград, исто така се собираме тука со некои роднини … ќе биде убаво – вели Милица, која е тажна што ќе го помине Божиќ за прв пат без својот сакан дедо Владимир, кој почина кон крајот на ноември 2020 година.
– Тоа е најтажниот ден и моето соочување со најголемиот страв е загубата на некој близок. За прв пат, главното место на масата ќе биде празно, но јас дефинитивно треба да се радувам на дружењето со остатокот од семејството – рече таа во „Премиера“.