Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Еминентен професор од Харвард со шокантно тврдење: Едно НЛО неодамна помина близу нашата планета и наскоро може да се појават нови (ВИДЕО)

Вонземјанско „парче технологија“ неодамна помина близу до нашата планета, тврди Ави Леб, претседател на одделот за астрономија на Универзитетот Харвард и најавува дека слични објекти може да се појават во Сончевиот систем во блиска иднина.

Во својата сè уште необјавена книга „Вонземјани: Првиот знак на интелигентен живот надвор од земјата“, научникот вели дека еден мистериозен објект наречен Оумуамуа („извидник“) дошол од правецот на Вега, влегол во орбиталниот регион на Сончевиот систем на 6 септември 2017 година и летал еден месец близу Земјата, „движејќи се брзо кон соѕвездието Пегаз и пошироко“.

Иако е долг само околу 100 метри, се верува дека тој е првиот „меѓуѕвезден објект“ некогаш откриен во нашиот Сончев систем.

Според Леб, тоа не било обична комета, туку дел од отфрлена технологија од вонземска цивилизација. Тој посочи на необична форма слична на пурите, невидена за нормални вселенски објекти, додавајќи дека тоа е „невообичаено светло“, барем „десет пати посветло од типичните камени астероиди или комети на Сончевиот систем“.

Сепак, клучното прашање што го натера Леб да тврди дека станува збор за вештачки објект беше неговата необична траекторија во близина на нашата sвезда.

Наместо да забавува додека се оддалечува од Сонцето, Оумуамуа забрза „малку, но статистички во исклучително значајна мера“, напишал научникот. Ова е можно за кометата, бидејќи топлината на sездата ослободува замрзнати гасови од нејзината површина, кои делуваат како ракетен мотор, но во тој случај, Оумуамуа требаше да остави препознатлива „опашка“.

Тој претпоставува дека објектот може да бил сонда во форма на диск или парче „вселенски остатоци“ ослободени од вонземски суштества.

  • Единствениот начин да се бараат вонземски цивилизации е да се бара нивниот ѓубре, како истражувачки новинари кои „копаат“ во ѓубре на познати личности, рече Леб. Непознатиот вселенски објект го забележал најмоќниот телескоп на планетата, телескопот Панорамски слики и системот за брзи реакции (Pan-STARRS) на Хаваите.

Професорот предвидува дека слични сценарија ќе се повторат и во иднина и дека во Сончевиот систем ќе се појават други отфрлени објекти на вонземјанска технологија.

најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Свет

Повеќе од 230 милиони луѓе во Европа живеат во земји под целосна национална блокада. Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе...

Забава

Тајлен Блондо стана позната како девојка која беше фотографирана за насловната страница на „Vоgue“ на десетгодишна возраст, а таа фотографија крена голема прашина, бидејќи...