Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Албанија денеска започна со вакцинација против коронавирусот

Албанија денеска започна со вакцинација против коронавирусот. Со цел да се стекне доверба кај граѓаните дека вакцината е безбедна прв се вакцинираше премиерот на земјата, Еди Рама, а заедно со него и и началничката на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чомо.

После нив вакцината ја примија и инфектолозите Пелумб Пиперо и Тритан Кало, со што официјално беше означен почетокот на имунизацијата во Албанија.

Вакцината ја добија во една од 60-те кабини кои се поставени во стадионот „ Ер Албанија“ во Тирана,каде ќе се реализира имунизацјата, која почна со количина од 975 дози.

Иако претходно Рама рече дека тие се донација од прјателска земја која не сака јавно да и се каже името, сепак,според медиумите, кажал дека дека овие и уште две илјади дози, кои ќе прстигнат деновиве, се донација од прјателска Австрија.

Во текот на денов ќе бидат вакцинирани 50 здравствени работници по што продолжува во следните денови а се опфатени лекари и медицински сестри од Инфективната клиника или ковид еден болница и „Шефќет Ндроќи“ или ковид два болница.

-Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравственитеработници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател,рече претходно рама на прес конференција.

Додаде дека министерката за здравстсво Огерта Манастирлиу како и сите други „ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците“.

Вакцинацијата против Ковид-19 во Албанија е бесплатна и се добива на доброволна база. На почетокот на следната недела ќе прстигнат 10.750 дози вакцина договорени со Фајзер. (МИА)

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Забава

Тајлен Блондо стана позната како девојка која беше фотографирана за насловната страница на „Vоgue“ на десетгодишна возраст, а таа фотографија крена голема прашина, бидејќи...

Македонија

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 16 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз...

Свет

Повеќе од 230 милиони луѓе во Европа живеат во земји под целосна национална блокада. Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе...